Директорката на Гинекологија потврди дека починале 35 бебиња: Мора да се преземат мерки да се намали смртноста

by Fokus

Директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска за „Фокус“ ги потврди информациите дека во последните три месеци во болницата починале 35 бебиња, што според неа, се исто така алармантни бројки.

– Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики – вели доктор Јовановска.

Како што веќе објави „Фокус“, на скопска Гинекологија за само три месеци починале повеќе од 35 новороденчиња.

И.М.

ФОТО: НОВА

Поврзани новости