Директорката на Агенцијата за лекови на Данска се онесвести откако соопшти дека веќе нема да ја користат „АстраЗенека“

by fokus

Директорката на данската Агенција за лекови Тања Ерихсен денеска се онесвести на прес конференцијата на која беше соопштено дека Данска веќе нема да ја користи вакцината на „АстраЗенека“.

Додека таа даваше изјава и објаснување за оваа одлука, наеднаш изгуби свест и падна. Неколку луѓе притрчаа да и помогнат, по што превентивно била пренесена во болница. Потоа беше соопштено дека таа се чувствува добро.

Поврзани новости