Извршната директорка на телевизија Алсат М, Бисера Јордановска, денеска си поднела оставка од функцијата поради лични причини, дознава Фокус. Сопственикот на телевизијата веднаш ги известил вработените дека од први декември тој ќе ја преземе директорската функција.
Освен директорката, од Алсат М си заминале и пет новинари-репортери, кои преминуваат во новата телевизија Шења. Исто така, во телевизија Шења преминал и дел од техничкиот персонал. Со оглед на тоа, а и на фактот дека сега во Алсат М се останати само тројца новинари-репортери, овие случувања ќе бидат тежок удар за функционирањето на телевизијата.
Сетоа ова се случува еден месец откако од Алсат М си замина Мухамед Зекири, кој исто така премина во телевизија Шења каде ќе продложи со својата емисија.