Министерството на труд и социјална политика реагираше на натписот во Курир со наслов „Судот го стави вон сила незаконското разрешување на директори од страна на Ременски“ и појасни дека до донесување на правосилната пресуда на Управниот суд министерот не презема правни дејствија по решенијата, што значи дека ниту ги укинува решенијата за разрешување, ниту ги укинува решенијата за назначување на вршители на должност директори.
-Дополнително, Управниот суд неосновано ги прифатил тужбите од Диме Спасов и неговото барање за времени мерки, од причина што се пуштил во оценување за прашања за кои согласно со Законот за Владата на РМ не е надлежен, а тоа се прашањата поврзани со организација на изборите. Државната изборна комисија е единствено надлежен орган кој согласно со Законот за Владата на РМ одлучува кои кадровски, правни и финансиски прашања се прашања од организација на изборите, се вели во реакцијата на министерството.
Министерката Ременски ќе го искористи правото на жалба пред Вишиот управен суд по решенијата на Управниот суд во кои горенаведеното, како што стои во реакцијата, ќе биде основ за укинување на решенијата за времени мерки на Управниот суд и отфрлање на основаноста на тужбата на Диме Спасов.