707
Амбасадорот Чарлс Гарет и британски министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во моментов се во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВАТВ.
Нема информација каква е мисијата на оваа посета на дипломатите во земјава, но доаѓа откако ДУИ и СДСМ објавија дека постигнаа договор за албанскиот јазик, а од утре ќе почнат преговорите за составот и програмата на новата влада.
Никола Груевски пак, ги обвини партиите дека спремаат „дефакторизација” на македонскиот народ, и порача дека тоа немало да го дозволи.
По средбата во ВМРО-ДПМНЕ, дипломатите ќе одат на средба во партиското седиште на СДСМ.