Дипломатите од ЕК не гледаат проблем: За Црна Гора стоеше „официјален јазик”, кај вас е „македонски јазик”

by Fokus

Дипломатски извори од Европската комисија на денешниот брифинг за новинарите одржан во Скопје велат дека не гледаат проблем во врска со тоа како е формулиран македонскиот јазик во преговарачката рамка со ЕУ, потсетувајќи дека во предлог-рамките за Црна Гора и за Србија стоело само „официјален јазик“, пишува порталот Нова.

Македонскиот јазик и идентитет не се доведени во прашање, посочиле дипломатските извори од ЕК на брифингот.

-Самиот факт што се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата треба да обучи соодветен број преведувачи јасно укажува дека јазикот е заштитен,  беше речено на брифингот.

Поврзани новости