681
Високи дипломати од ЕУ и САД се ангажирани да посредуваат во изнаоѓање компромис за избор на последниот член на ад хок телото, дознава НОВАТВ.
Ова следува откако привремената ад хок комисија, составена од по двајца членови на предлог од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ни денеска не постигна консензус за последното место.
Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото треба да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.
Рокот за избор на последниот член истекува вечерва и не се знае кога ќе се екипира телото на регулатори, кои ќе треба да го следат известувањето на медиумите во предизборието.