73
На познатиот пејач Дино Мерлин му се слошило во центарот на Сараево и веднаш била повикана Брза помош, па итно бил пренесен во болница, пренесуваат медиумите од регионот.
Според очевидци, итната помош дошла во неговиот дуќан лоциран на Башчаршија и го однела пејачот до возилото, јавува 24сата.хр. Како што рекле очевидците, пејачот едвај одел.
„Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница”, рекол еден од очевидците.
Како што неофицијално дознава 24сата.хр, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот, но пејачот е надвор од животна опасност. Пејачот бил придружуван од ќерката Наида, која синоќа го придружувала до Брзата помош.