Димовски за Агатангел: Може не се какви што сакаме, ама тие се наши

by fokus

Ако критикувате владика, правете го тоа и за друг. Може не се какви што сакаме, ама тие се наши, е дел од коментарот на порашениот пратеник, Илија Димовски за реакциите коишто ги предизвика вчерашниот говор на владиката Агатанагел на прославата на празникот Свети Трифун во Кавадарци.

-Може некој владика да не сакате, или друг. Нема исти, има различни и тие претставуваат народ. Ако критикувате владика, правете го тоа и за друг. Ако ќутите за некој владика, ќутете за сите. Може не се какви што сакаме, ама тие се наши. Не сакам да мислам како би било со туѓи, напиша Димовски на својот твитер профил.

Митрополитот на поварадарската епархија, Агатаангел вчера во својот говор за празникот упати политичка порака и покрај молитвите за богат род упати и благослов лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да врател се што Македонија изгубила во изминатиот период.

Тој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекол „нашиот претседател“ за кого рече дека верува оти со помош од Бога и Богородица ќе го врати назад она што е свето македонско и национално.

Првин со него (Мицкоски), рече владиката, а потоа и со божја помош. Нема да дозволиме, порача Агатангел, некој што не ја чувствува Македонија да ја одредува судбината на нашата земја.

Поврзани новости