Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјави дека нема да се појави ниту на протестот на Митко Јанчев за оставка на Христијан Мицкоски, ниту на контрапротестот на Александар Пандов против оставка на Мицкоски. Сепак, тој не одговори на прашањето дали Мицкоски треба да се замине од челото на партијата.
-Мислам дека тоа не е начин на кој што треба да се решаваат состојбите во партијата. Целта на трибините и собирите е да се понуди интелектуалниот и кадровски потенцијал на ВМРО ДПМНЕ и на државата и на партијата. Статутот на ВМРО ДПМНЕ е така поставен за оставката на лидерот да зависи од понудена или непонудена оставка – рече Димовски.
Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ треба да најде начин, модалитет, стартегија и концепт којшто, како што вели, ќе го врати на победничка патека.
-Сам ниеден човек не може да даде одговор на тоа прашање, тоа прашање треба да го одговорат повеќе луѓе низ една сеопфатна стартегија како да се надминат слабостите коишто ги покажа партијата. Партијата не е лична сопственост на никого и никој нема доволно тежина сам да се нуди себеси за спас на состојбата – порача Димовски.