На Инфективна има 150 хоспитализирани пациенти со корона вирус, во битолската болница 64

by fokus 20:14
20:14
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти заразени со корона вирус.  Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 2 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости