508
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, туку тоа може да го прави самиот собраниски спикер Талат Џафери.
Тој, исто така иронично нагласи дека и со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби.
„Талат Џафери може да гласа во име на 120 пратениици, а Артан Груби да заседава со сите комисии и да има седум европски знаменца – истакна Димовски од собраниската говорница.
Од друга страна пак, собранискиот спикер иронично му се заблагодари на Димовски на укажаната доверба, но нагласи дека пратениците ќе продолжат да гласаат.