Се расправале, паднал и починал

by Fokus

Четириесет и тригодишен скопјанец починал  по претходна расправија со пријател, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13,30 часот во Секторот за внатрешни работи Д.М. пријавил дека на улицата “Вењамин Мачуковски“ откако предходно имал вербална расправија со И.З.(43) на истиот му се слошило, паднал и не давал знаци на живот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости