426
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој не е оптимист дека ќе се најде решение за спорот за името со Грција.
-Не сум оптимист дека спорот ќе се реши, бидејќи суштината на проблемот не е името. Суштината на тој проблем е многу подлабока, има прашање на идентитет на нас како Македонци, но и внатрешно-политички и етнографски проблем на самата држава Грција, тоа е внатрешен проблем на Грција. Всушност, решавајќи го проблемот, тие решаваат внатрешни проблеми во Грција. Мислам дека сето ова ќе заврши или со огромни попусти од наша страна или нема да се реши, рече Димовски.