Чавков си ја купува слободата со 600.000 евра

by fokus

Слободата на екс министерот за внатрешни Митко Чавков чини 600 илјади евра. Толкава била вредноста на недвижниот имот кој Чавков го дал како гаранција за да излезе од притвор, велат информациите до кои дојде ТВ 24.

Под гаранција е ставен неговиот дом, но и огромна квадратура на земјиште кое неговото семејство го поседува. Пред два дена судиите од Кривичен ја прифатија неговата гаранција и одлучија наместо притвор да му биде одземен пасошот.

И покрај одлуката на Кривичниот суд,  поранешниот дикректор на БЈБ, обвинет за настаните од 27ми април се уште е зад решетки.   По два дена откако скопска единица реши да го пушти да се брани од слобода, предметот денеска пристигнал во Апелација. Ќе се решава по жалба на обвинителството кое не се откажува Чавков да остане во притвор додека трае судската постапка.

Поврзани новости