Димовски предлага уставните измени да имаат рок на траење

by fokus

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето обраќање на денешната комисиска расправа за нацрт-амандманите рече дека тој нема да ги поддржи промените ниту во оваа, ниту во третата фаза, бидејќи како што рече, ова Собрание нема легитимитет да го менува Уставот. Излезе со предлози како да се подобри текстот на нацрт амандманите.

Коментирајќи го нацрт-амандманот 33, Димовски рече дека барем уште на две места во преамбулата треба да не се оди со додава Северна на името Македонија. Предложи и дополнување на нацрт-амандманите со кои ќе се одреди и нивниот рок на траење.

-Ако сами велите дека може да има рок кога ќе почне да се применува целиот овој пакет на уставни измени дајте да ставиме и рок до кога ќе се применува и колку тоа во овој момент да ви изгледа смешно, фанатично и романтично, но ќе биде нишка кога некоја друга генерација ќе успее да направи малце подобар момент  отколку  ние сите заедно што сме успеале, рече Димовски посочувајќи ги како пример важноста на одлуките од АСНОМ кои важат повеќе од 70 години.

Поврзани новости