Димовски: Потребни се нови избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува Уставот, деловникот за работа на Собранието и законите, но ќе се бори за да ги зачува државните и националните интереси, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во вестите на телевизија „Сител“ .

Според Димовски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да има предвремени парламентарни избори затоа што, како што вели, бројките и соодносот во Собранието не гарантираат стабилно Собрание.

– Соодносите меѓу партиите во македонскиот блок, но и во албанскиот не гарантираат стабилен парламент, а оваа тензична атмосфера која ја има денеска, ќе ја гледаме и во иднина во Собранието. Затоа, и поради многу други причини кои сме ги спомнале, поради тиранската платформа, протестите на граѓаните, поради постизборната измама, тргнавме со ставот дека треба предвремени избори. Да се одговореше позитивно на нашето прво барање за предвремени избори, ние сега ќе бевме во изборна кампања и ќе имавме 10-20 дена до момент кога граѓаните ќе ја расчистат целата дилема – рече Димовски.

 

Поврзани новости