ВМРО-ДПМНЕ бараше веднаш предвремени парламентарни избори уште по локалните избори и се уште нема функционална влада од повеќе аспекти, односи со Бугарија, енергетска криза. Оттука сметаме дека оваа влада нема легитимитет, прво го изгуби на локалните избори, второ, самото преструктуирање во СДСМ, а и четворица носители на листи од претходните парламентарни избори Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Никола и Билал Касами велат дека Владата тргнала по погрешен пат, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.
Тој укажа дека во демократски земји прво, не се случува во Влада да се импалантираат лица кои не учествувале на избори, второ, програмата по која ќе работи владата е онаа со која настапи СДСМ на избори или не, и трето, овој состав на Владата не го оформи Димитар Ковачевски, туку Заев, тој водеше разговори за парламентрано мнозинство.