596
Пратеникот Илија Димовски вечерва на Твитер ја искритикува одлуката на Владата за отстранување на квотите за рецепт, со која лековите ќе треба да се подигнуваат лично.
-Одлуката на Владата за лековите ќе направи штета на илјадници семејства кои имаат лица што не можат лично да ги подигнуваат лековите. Факт е нема доволно лекови, факт е лажно ги обвинија лекарите, факт е парите од Фондот ги трошат за друго, факт е не ги бива, напиша Димовски.
Министерот Венко Филипче пак, објасни дека одлуката за лично подигнување на лекови нема да важи за оние кои не се можност за тоа, и за овие случаи ќе се бара решение.