462
Мандатот на специјалното јавно обвинителство нема да биде продолжен и не може да биде предмет на преговори, порача Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за ТВ 21.
-СЈО има мандат од 18 месеци да покрене обвиненија, а тој закон се носи со двотретинско мнозинство. Од тој аспект, СЈО повеќе не е предмет за дебата ниту меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту меѓу ДУИ и СДСМ- изјави Димовски.
Тој рече дека ДПМНЕ се уште е отворена за рестартирање на преговорите со ДУИ, доколку тие не се договорат за коалиција со СДСМ. Во спротивно, неговата партија бара нови избори.