Пратеникот Илија Димовски побара разрешувањето на Рашела Мизрахи да се симне од дневен ред, бидејќи, како што вели, таа го нема прекршено Преспанскиот договор.
-Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија. Поглавјето за труд и социјала не е отворено.
Вие Спасовски го имате прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ниту поглавјето за внатрешни работи не е отворено, а вие издавате документи со новото име. Затоа предлагам разрешувањето на Мизрахи да се симне од дневен ред, и вие Спасовски да си поднесете оставка поради прекршување на Преспанскиот договор и тоа на штета на својата земја, рече Димовски.