458
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во контра – реплика до премиерот Зоран Заев, на денешната комисиска расправа во Собранието му рече дека оди во мртва улица.
-Промашен е процесот, без двете идеолошки линии на македонскиот народ ние имаме братоубиство. Така било и пред сто години. Апелирам да разберете дека колку и да ви била добра намерата, одите во мртва улица. Треба да најдете начин, но не сега постфестувм, за заедништво и консензус. Нас ни треба компромис со Грција, но прво ни треба компромис меѓу нас. Вие и Мицкоски заедно да застанете позади едно единствено решение Оваа тема и вас и нас како пратеници ќе ни виси до крајот на животот – рече тој.