Иако ВМРО-ДПМНЕ е против аболицијата, пратеничката група на владејачката партија ќе гласа против предлогот за формирање комисија за утврдување на одговорност на Ѓорге Иванов, бидејќи тој со оваа одлука не го прекрши Уставот, истакна координаторот на пратеничката група Илија Димовски.
– Мислам дека одлуката на Иванов за помилување не беше потребна во овој момент, но судење на претседател за одлука која има право да ја донесе е неприфатливо. Иванов има политички легитимитет и неговото дејствување е од сериозно значење за државните институции – рече Димовски.
Тој повика иницијаторите за формирање на ваквата комисија да ја повлечат одлуката, бидејќи е сосема јасно дека нема да помине во Собранието затоа што ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери ги имаат мнозинството гласови.