Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, избрзано е решението на Владата да се финансираат печатените медиумите со буџетски пари. Со тоа рече Димовски, Владата се откажува од својата заложба да го прекине државното финансирање на медиумите, како што беше во случајот со владините реклами. Ова може да ја наруши независноста на новинарстовото како професија, поентираше Димовски.
– Државата треба да помогне на специфични медиуми. Дали во форма на субвенции или друга форма, треба да се дискутира. Има само два до три веб портали на кои главна, носечка тема им е култура. Зошто да не ги субвенционираме тие? – изјави Димовски на денешната собраниска седница на која се расправа за измени во Законот за извршување на буџетот за 2018 година.
Со одредба во Законот се предвидуваат субвенции од околу 50 милиони денари за печатените медиуми.