436
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека изборите треба да донесат некаква промена, а тоа не се случило.
-СДСМ дојде на власт со камапања од две години со критики за партизираност на јавната администрација, нееднаквост на граѓаните, партизираност на судството… Да речеме дека за се биле во право, но и да биле во право, дали гледате некаква разлика од тоа претходно и сега? Исто е. А, изборите се за нешто да се промени. ЦЕната која СДСМ политички ќе ја плати, ќе е голема. Едноставно правењето неправди се враќа. Мораме да нацртаме линија и партиите да сфатат дека Владата, Парламентот функционираат за граѓаните, рече Димовски.