Димовски: Бараме итна седница за Договорот со Бугарија, да не се потпишува без препораките кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ повторно бара да се свика итна седница, пред потпишување на договорот со Бугарија.

„Барам во најбрз можен рок да се свика итна седница за потпишување на Договорот со Бугарија. Вчера пред потпишувањето, бугарското собрание го разгледа договорот и даде насока на нивната влада како да постапи. Добрососедството е стратешки значајно и одговорноста треба да е заедничка. Треба да се потпише договор, но со забелешките кои ги дадовме како препорака. После тоа се губи смислата за седница“, рече Димовски.

На вчерашниот отчет за работењето на Собранието, претседателот Талат Џафери изјави дека не е неопхопдно свикување итна седница за договорот со Бугарија, бидејќи владата го обелодени за јавноста.

Поврзани новости