Спасовски: Судиите, а не полицијата, се одговорни за бегството на Бошковски и Грујевски

by fokus

Неспроведувањето во притвор на Горан Грујовски и Никола Бошковски кои се во бегство е на одговорност на судиите, изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски изјави дека полицијата не е одговорна за бегството на обвинетите, туку судството и ова само покажува колку истото е труло.

„Ова е порака дека треба да почнат реформи во судството, да се покрене одговорност за постапките и одлуките“, рече Спасовски.

Тој не сакаше да посочи дали имаат конкретни нови информации до каде е потрагата по Грујевски и Бошковски.

Поврзани новости