Димовски: Ако не се прифатат уставните измени, оваа влада го губи легитимитетот

by Fokus

Илија Димовски – поранешниот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во „Клик Плус“ на тв21 со коментар околу најновите случувања во земјата, и можните уставни измени кои ќе треба наскоро да влезат во Собранието.

Тој смета дека ако не се случат уставните измени, што според него е многу веројатно, тогаш оваа влада го губи легитиметот во однос на политиката која ја поддржува.

„Ова е многу комплициран период за Македонија. Политичката елита во земјава не ги процени добро состојбите, и сите одлуки ги донесоа со исклучена опозиција. Сериозни политичари ќе се обидеа да направат единство во општеството. Патеката на кон НАТО и ЕУ и натаму е стратешка цел, но дојдовме во ситуација кога имаме таканеречена про европска влада, но поддршката од граѓаните за ЕУ е многу мала. Ако не бидат прифатени уставните измени, тогаш оваа влада го губи легитиметот во смисла на политиката која ја спроведува. Потоа веројатно ќе се оди на избори“ – рече Димовски.

Поврзани новости