Димова: Без препорака секакви рестриктивни мерки од ЕУ се во игра

by Фокус

Доколку не се исполни Договорот од Пржино и Македонија ја загуби препораката за почеток на преговорите, тоа ќе биде преседан и Македонија ќе влезе го групата на проблематични земји, предупреди претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова, на денешната пресконференција.

-Многу јасно е не само од наша страна туку и од гледна точка кои ги преставуваат институциите на Европската Унија, јасно е кажано дека доколку договорот од Пржино не се испочитува, дека препораката овој пат ќе отсуствува. Последиците од ваквото отсуство на препораката навистина не би сакале да ги видиме бидејќи тоа ќе биде преседан, рече Димова.

Таа дополни дека губењето на препораката ќе предизвика проблеми на секој план: од намалување на кредитиниот рејтинг на земјата до ставање под знак на прашалник на ИПА средставата.

-Рестриктивните мерки се во надлежност на Могерини, во игра е се. Нас тука ни кажа господинот Ванхауте дека практично наликуваме на Белорусија, ако практично наликуваме на Белорусија се е во игра. Тоа може да предизвика да излеземе одеднаш од групата на држава кои се во процес на проширување и да влеземе во групата на држави кои се проблематични во исполнувањето на политичкиот критериум, рече Димова.

Поврзани новости