Секој ден во 18 часот, протести „Доста е“ пред Влада

by Фокус

Почнувјќи од денеска, секој ден, во 18 часот, пред Владата ќе се одржува протест под мотото „Доста е“.

Граѓаните ги повикуваат надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците.

-Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот, имате одговорност за оставка. Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, десетици други од дозволени и неказнети грешки. Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност? – прашуваат организаторите на настанот, креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Организатор на настанот е левичарското здружение „Солидарност“.

Поврзани новости