Димитров во посета на Албанија: Владата забрзано работи на измените во Законот за јазици

by fokus

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска е во официјална посета на Р. Албанија.

По средбата со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Р. Албанија Дитмир Бушати, министерот Димитров на прашање од албанските медиуми зошто се упорува законот за службената употреба на албанскиот јазик одговори дека Владата работи забрзано на усвојувањето на тој закон кој Димитров го оцени дека е во интерес не само на Албанците во Македонија, туку дека е во интерес на стабилноста на целата држава.

„Оваа влада е има заложба да стори се што е во корист на нашите сограѓани Албанци, но и на оние кои се припадници на другите етнички заедници во согласност со уставот на Р. Македонија. Овој процес не само што не се успорува туку работиме да го забрзаме.

Имплементацијата на Рамковниот договор и овој закон се во интерес на Р. Македонија, бидејќи наша визија за Македонија е колку повеќе сите ја чувствуваат државата како своја толку сме постабилни. Затоа на овие прашање гледаме како на прашања кои не се во интерес само на нашите сограѓани Албанци туку како на прашања кои се во интерес на целата држава“ изјави Никола Димитров по средбата со неговиот домаќин Бушати.

Владите на Република Македонија и на Република Албанија се договорија оваа есен да одржат заеднички состанок во Поградец.

Поврзани новости