Северна Македонија е целосно посветена на исполнувањето на сите заложби на Организацијата за безбсност и соработка во Европа, ја подржува нејзината улога, и е благодарна на подршката што таа ја дава на нашата држава, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што денеска и утре се одржува во Братислава, Словачка.
Димитров ја нагласи важноста и потребата од поголема ангажираност на земјите-учеснички во ОБСЕ за модернизација на Виена документот. Ја реафирмираше посветеноста на земјава за натамошно исполнување на обврските и заложбите кон Организацијата, соопшти МНР.
– Не може да се постигне напредок доколку нема целосно почитување на заедничките вредности: почитувањето на човековите права, основните слободи и демократските норми, економските слободи и одговорноста за постапките, рече Димитров.