Димитров: Преку глава ми е од ФИРОМ

by fokus

Бојкотирам е бегање од одговорност да се одлучи за прашање од кое зависи мојата иднина и иднината на мојата земја, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното гостување во „ТВ 24“. Според него кукавичлук е да се бојкотира референдумот, да се бојкотира, како што рече, својата иднина и својата земја.

-Излези и гласај па макар и против, ама негласањето е багање од личната и општествената одговорност. Од 96-та година сум во дипломатија. До овде ми е од таблата ФИРОМ. Што значи тоа? Не можеме со други земји да влегуваме во договори. Мораме тоа да го правиме со писмо. Време е да се надмине разликата околу името со Грција, да станеме пријатели со нашите соседи – рече тој.

Димитров уверуваше дека со Договорот се зацврстува државноста на Македонија и се заштитува македонскиот национален идентитет.

-Ние ќе бидеме Република Северна Македонија. Ќе бидеме тоа што сме. Ќе бидеме Македонци, етнички како народ, македонски народ. Ние успеавме другата страна да го прифати нашето право на самоопределување. Ставаме една точка на дилемите дали сме прифатени и оспорувани – изјави министерот.

Поврзани новости