Димитров предлага: Кога закон ќе биде по втор пат изгласан во Собранието, да нема потреба да биде потпишан од претседателот

by fokus

Кога закон ќе биде по втор пат изгласан во Собранието, да нема потреба да биде потпишан од претседателот на државата, предложи министерот за надворешни работи, Никола Димитров на третата дебата за нацрт-амандманите на Уставот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)

-Има уште една сугестија што не се однесува на Договорот од Преспа. Јас лично мислам дека уставотворците никогаш не предвиделе дека Македонија некогаш ќе има претседател кој нема да ја следи својата должност да потпише документ, закон, да го прогласи што двапати ќе помине во Собранието. Тоа во Уставот е децидно наведено, но ние денес имаме таква ситуација. Законот за ратификација на  Договорот со Грција за решавање на спорот за името, во Собранието беше изгласан  двапати, но тој уште не е потпишан и не е објавен во Службен весник. Можеби треба се предвиди да се смета дека ако потписот е даден кога втор пат законот ќе биде изгласан,

Поврзани новости