828
Со поништување на Преспанскиот договор ќе се затворат отворените перпспективи со членството во НАТО и отворање на преговори со ЕУ и тоа ќе не врати во подредена позиција.
Ова го истакна носителот на пратеничката листа на СДСМ во првата изборна единица Никола Димитров на дебата на Телма, реплицирајќи на тезите на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова дека има начин и потреба за преиспитување договор и за справување со неговите последици.
Според Димитров, ревизија на Преспанскиот договор значи враќање на името поранешна југословенска Република Македонија и губење на македонскиот јазик од документите на ЕУ.
-Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, во антиката тој идентитет не може да се одбрани – рече Димитров.