Спасовски најави едноцифрена невработеност: Така било во Југославија, ќе биде и денес

by Фокус
Следниот чист мандат го посветуваме на економијата, нашата цел е едноцифрена бројка на невработеност, тоа било само во Југославија и ќе биде денес, порача носителот на пратеничката листа на СДСМ во 2 ИЕ Оливер Спасовски во Куманово.
-Денар не беше даден за Куманово за 10-годишниот режим. Успеавме да решиме многу инфраструктутни проблеми, ги рекоструиравме сите патишта во оваа ИЕ 2. Ова е разликата меѓу нас и режимот. Ние градиме. Градиме и пријателства и мостови, градиме и во земјата – рече Спасовски.
Тој најави до 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна плата, 600 милиони евра поддршка за компаниите, една милијарда евра странски инвестиции…

Поврзани новости