Димитров: Ова денес не е Македонија, ова е Груевистан

by Fokus

На граѓанскиот митинг пред насобраниот народ се обрати и Никола Димитров, кој како што рече денес зборувал за гневот, стравот и надежта и дека во Македонија никогаш не било полошо од сега.

– Во моментот имаме стотици илјади иселени. Груевски не понижи како народ, младите го бараат спасот во бугарски пасош, имаме понижени и уценети админстративци…Македонија е земја на корупцијата и казнивоста, земја на брутално богатата партија и брутално сиромашниот народ. Со тебе Груевски, Македонија нема иднина. Ова денес не е Македонија, ова е Груевистан. Ја слушате ли како лелека – истакна Димитров.

Според него, Груевски и фамилијата немаат доблест да си поднесат сами оставки.

– Од правосудството, направија кривосудство. На 11-ти доаѓаме да си ја земеме државата назад. Груевски владее со страв и поделби, ама е смртно уплашен од нас. Тој не дели на божем патриот и божем предавници. Денес нема поголем чин на патриотизмот освен со гласот против Груевски. Да ја ослободиме Македонија од великиот везир и неговите капитени – додаде Димитров.

Поврзани новости