Пендаровски: На 11 декември ќе победиме со над 50 мандати и ќе ја составиме следната влада

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го почна своето обраќање пред еуфоричните граѓани, најавувајќи ги носителите на кандидатските пратенички листи во сите шест изборни единици.

Пред насобраните граѓани се обрати носителот на првата изборна единица, Стево Пендаровски. Тој порача дека на 11 декември СДСМ ќе победи со над 50 мандати и ќе ја состави следната влада.

– Не е само важно со колкава разлика ќе победиме, најважно е тоа да биде огромна разлика. Кон нашата голема победа може да не спречи само што мое да ни го направи мафијата на власт. Ве повикува сите вас, да бидеме будни се до победата на 11 декември. Немојте да го трошите својот глас, затоа што само оваа опозиција може да ја демонтира оваа власт – рече Пендаровски.

Поврзани новости