601
Чесно е да најавиме дека очекуваме позасилен ангажман на португалското претседателство за наш пробив во ЕУ во јуни и деблокада на македонските евроинтеграции, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за емисијата „360 Степени“. Иако Португалија е географски далеку, истакнува тој, сака успех и да го завршат тоа што го почна германското претседателство со ЕУ.
-Тие сакаат да ја спроведат одлуката на Советот на Европа од март 2020 година – вели Димитров, додавајќи дека во наредниот период се очекуваат извесни и директни контакти со повеќето земји-членки на ЕУ, како и директни македонско-бугарски средби и разговори.