632
Довербата на земјите од целиот регион во ЕУ е на ниско ниво како никогаш претходно. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат.
„Веројатно довербата во ЕУ не била никогаш пониска. И тоа не само кај нас туку мислам дека е таква ситуацијата низ целиот регион. Не може во толку наврати нешто да се каже, а да не се исполни. И се разбира, со паѓањето на довербата паѓа и влијанието. Дури и самата ЕК, што не се случило претходно, во пакетот за проширување во октомври, вели – непочнувањето на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, влијае лошо на кредибилитетот на ЕУ“, рече Димитров