Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска кажа дека Северна Македонија е тест дали треба да и се верува на ЕУ, и тоа не само ние, туку и целиот Балкан.
„Очигледно е дека огромно мнозиснтво членки сакаат да почнеме преговори што е можно побрзо, тоа е ставот на ЕУ. Северна Македонија е тест дали треба да и веруваме на ЕУ, не само ние, туку и целиот Балкан“, рече Димитров.
Околу спорот со Бугарија, Димитров коментираше дека треба да се обидеме.
„Претстои техничка влада, нови избори. Јасно е дека реален политички контекст кој е предизвик. Но истовремено е јасно дека ниту ние, ниту регионот, и нашите соседи, имаме луксуз да чекаме повеќе. Многу време помина. Мислам дека има голем проблем со довербата на европската перпектива во многу земји“, рече Димитров.