Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и став, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за телевизјата Н1, дадено во Дубровник за време на самитот на ПСЈИЕ.
Во врска со спорот со името, Димитров вели дека напредок од неодамнешната посета на Атина е како што вели додавање „месо“ на костурот кој ја претставува довербрата меѓу двете земји. Тој вели дека спорот е долготраен и не може да даде одговор дали ова прашање ќе биде затворено за време на мандатот на оваа Влада.
-Мора да работиме и на домашен план, бидејќи ова прашање е исклучително важно за македонскиот идентитет, тоа не е потребно да се нагласува посебно. Затоа, треба да создаваме соработка на сите клучни политички актери и национален консензус во инклузивниот процес, вели тој.