Димитров: Наводите на Груевски за закани се целосно лажни

by Fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека Никола Груевски не може да бара спас од правдата во земја членка на ЕУ и тврди дека неговите наводи дека има закани за личната безбедност се целосно лажни.

-Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта. Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, вели Димитров.

Поврзани новости