Димитров на средби со европските министри, дале поддршка за Македонија

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска, во рамки на неформалниот состанок во Брдо крај Крањ, оствари повеќе засебни средби со министрите за европски прашања и надворешни работи на земјите-членки во ЕУ како претставници во Советот за општи прашања на кој се дискутира и одлучува по однос на политиката на проширување.

Како што соопшти СЕП, средбата со францускиот министер задолжен за европски прашања Клеман Бон претставува силна афирмација на француската поддршка за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и валозирање на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените услови.

На средбата со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, беше истакнато дека е навистина крајно време за надминување на предизвиците и пречките на патот кон ЕУ за уште поголемо посветување на реформската агенда што е суштината на пристапниот процес.

Со претставникот на ГАК од Малта, Стефан Зринго Азопарди, вицепремиерот Димитров посочи дека постојат можности билатералната соработка помеѓу двете земји да биде дополнително зајакната, а неговиот соговорник изрази јасна и недвосмислена поддршка за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ како израз на стремежите за поврзување заради остварување на заеднички цели и интереси.

Поврзани новости