Димитров: Колку поконкретно чекориме кон решение, се повеќе тешкотии излегуваат на виделина

by Фокус

Има условен напредок во преговорите, бидејќи како одиме напред доаѓаме до потешките прашања, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров по седумчасовната средба со грчкиот колега Никос Коѕиас и со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц во Виена.

-И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина – рече Димитров.

И Нимиц истакна дека има позитивен напредок во преговорите, но остануваат тешки прашања што треба да се надминат.

Поврзани новости