Димитров ќе промовира невладина, дали ќе формира и движење?

by fokus

Поранешиот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров ќе промовира невладина организација под името „Солуција“.

Во поканата која е испратена за настанот, Димитров е најавен како претседател и ко-основач на Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција.

Настанот е најавен за в четврток како дебата на тема „Македонски ден на мрмотот: Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“.

Димитров ќе биде модератор, а ќе учествуваат познати имиња меѓу кои поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу и Рајнхард Прибе, германски експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија.

Високите гости ќе бидат панелисти на најавената тема.

Поврзани новости