Димитров: Јас сум горд што од 19 нови амбасадори, сите до еден се дипломати од кариера

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека е горд на подвигот што МНР го направило со новите амбасадори.

-Јас сум горд со еден подвиг: испративме 19 амбасадори, сите до еден дипломати од кариера. Сега треба да се продолжи. Сега ќе одиме со следна група. Законот е направен со главата надоле, што обврзуваше само една третина дипломати од кариера. Во МНР работиме на нов закон за надворешни работи, не само по однос на ова прашање. Имаме проблем со исклучителната ригорозност со законот за државни службеници, рече Димитров.

Поврзани новости