Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со парабола ја опишува моменталната политичка ситуација во Македонија, односно барањето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, со кое се условува цензусот на референдумот.
„Денешната политичка ситуација во Македонија за жал потсетува на спорот меѓу двете мајки и мудроста на Кралот Соломон од Стариот завет. Ако треба и Македонија ќе ја срушат, само да биде по нивно, да биде нивна.
Две жени кои живееле во иста куќа родиле синчиња речиси истовремено. Едното синче починало, а мајката го заменила со синчето на другата мајка.
Кога отишле кај Кралот Соломон тврдејќи дека се мајки на живото бебенце, Соломон предложил да го пресечат синчето на два дела и да земат по еден. Вистинската мајка вриснала: НЕ, не го допирајте, дајте и’ го на другата жена!“, напиша Димитров на својот фејсбук профил.