1.1K
Носителот на листата на ИЕ 1 од СДСМ, Никола Димитров на денешната прес конференција порача дека за нашата земја се потребни избори, веднаш штом се создадат здравствени услови за нивно спроведување.
„Неопходно е да имаме целосно функционални институции. Нашиот став е дека веднаш штом се исполнат здравствените услови, треба да ги одржиме предвремените парламентарни избори. Имавме тежок период зад нас и сакам да упатам едно големо „благодарам“ до граѓаните. Изборите во овој момент се решение, а не проблем“, рече Димитров.