Димитров: Инсистирањето на Бугарија на резервите кон македонскиот јазик е отров за билатералните односи

by fokus

Бугарската блокада не е помагање, напротив. Инсистирањето на Бугарија на резервите кон македонскиот јазик е отров за билатералните односи, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5, коментирајќи ја блокадата од Софија на усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија.

Резервата на Софија кон јазикот е инвестиција во лоши односи. Ако Софија не сака да ја тргне таа резерва, може да ја задржи како бугарска позиција, но тоа не е добро, и не е прашање на политиката и државата, туку на науката. Нашиот јазик е македонски за нас, за ОН и за ЕУ. Тоа е наведено и во нацрт декларацијата на ЕК, а така треба да биде и во Рамката за преговори, рече Димитров.

Тој смета дека решение, сепак, може да се најде со поголемо меѓусебно почитување.

– Ова или ќе биде заеднички успех или заеднички неуспех, затоа што не е само македонскиот влог во оваа приказна. Има и силен европски влог, а многу е важно и за соседна Бугарија што ќе се случува, вели Димитров.

Поврзани новости